Палетата на
производи за производство на леб е навистина широка. Почнувајки од додатоците за секојдневниот бел леб ,
за лебови со висока хидратација, ‘ржани, интегрални, функционални, па се до
лебови без брашно. Секој од нив се одликува со карактеристичен мирис, вкус,
крцкава кора и секако дел од традицијата на поднебјето од каде изворно потекнува
како тип: домашен, медитерански, италијански, багет итн., сите наменети да ги
задоволат различните вкусови и побарувања на купувачите.