ВКУСОТ НА ВАШИОТ УСПЕХ

ЗА НАС

Есаром – Мак ДОО Скопје е компанија основана во 1991 година. Основна дејност на компанијата е увоз и извоз на стоки и давање услуги во делот на прехранбената индустрија. Како компанија постепено се развиваме со текот на годините и го зголемуваме бројот на држави во кои работиме. Моментално нашите суровини и поддршка ја имаат компаниите на териториите на Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора. Нашата цел е и понатаму да се развиваме и во останатите држави од регионот и понатаму да бидеме партнер на кој компаниите ќе можат да се потпрат.

photo

НАЈДОБАР ВКУС И КВАЛИТЕТ

Секој од нашите производи има долга развојна приказна зад себе.Во постојана комуникација со нашите клиенти ги комбинираме класичните состојки со новите нутриционистички трендови или развиваме сосема нови идеи. Од самиот почеток сме посветени да добиеме најдобар вкус и најдобар квалитет, а при тоа крајниот производ да биде конкурентен на пазарот. Со нас суровината станува луксузен производ!И нашата соработка не завршува тука, ние сме Ваша потпора во сите етапи на производството, Ве поддржуваме и советуваме!

НА НАШИТЕ КЛИЕНТИ ИМ ОВОЗМОЖУВАМЕ КОМПЛЕТНО РЕШЕНИЕ ДО НИВНИОТ ИДЕАЛЕН ПРОИЗВОД!

photo

ЕСАРОМ (ESAROM) – АВСТРИЈА

Есаром е компанија основана во 1946 год. која не само што е традиционална компанија и компанија со богато искуство, туку и ширум светот е водечки снабдувач со суровини на компаниите од прехранбената индустрија и индустријата за пијалаци.

www.esarom.com

photo

БАКАЛДРИН (BACKALDRIN) - АВСТРИЈА

Бакалдрин е компанија која во својата програма има преку 400 производи за пекарска и слаткарска индустрија (адитиви, премикси и готови смеси, кисели теста, слаткарски производи, филови итн.). Есаром – Mак е ексклузивен застапник на Бакалдрин на териториите на Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора.

www.backaldrin.com

photo
photo

БЕЗАЛКОХОЛНИ И АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ

Направени од најквалитетните овошни концентрати и од внимателно избрано овошје, нашите бази Ви даваат неограничени можности за производство на освежителни негазирани и газирани пијалаци. Ќе можете да дегустирате повеќе производи и да го одберете производот со соодветна содржина на овошје и вкус каков што сте го замислиле. Можете да одберете производ од постоечката програма, но и производ кој специјално ќе биде дизајниран за Вас.

А како што се развиваат трендовите кои ние ги следиме во чекор, голем е и изборот на суровини кои на Вашиот производ ќе му ги дадат посакуваните функционални својства.Тука се и емулзиите, аромите, боите, екстрактите, дестилатите, засладувачите, идеални за Вашите освежителни напитоци, ледени чаеви, сирупи, енергетски напитоци, алкохолни пијалаци ...

Дали Вашиот освежителен напиток има газираност каква што посакувате или брзо ја губи истата?Доколку сакате да ја оптимизирате газираноста , да го контролирате пенењето во процесот на полнење, да имате побрз старт и тек на полнењето , да го подобрите искуството на купувачите со Вашиот производ и со самото тоа да допринесете до пониски трошоци , имаме производ кој ќе ги реши Вашите проблеми!

photo
photo

КОНДИТОРСКА ИНДУСТРИЈА

Ароми, бои, функционални додатоци, мешавини на витами и активни супстанци, додатоци за визуелни и сензорни специјални ефекти за желе, гумени бонбони, чоколади, тврди бонбони, полнети бонбони, тофи, фондан, масни полнења, манчмалоу итн.

photo
photo

АРОМИ

Ако Вашиот производ е безалкохолен или алкохолен пијалак , вкусни колачи или чоколадо кое се топи во устата, мирисен милиброд или меко печиво, крцкави бисквити, грисини, солени или слатки закуски, бонбони, разновидни полнежи во Вашите производи, огромниот избор на течни и прашкасти ароми и разновидни зачински додатоци, можат да ја направат посакуваната разлика кај Вашиот производ!

photo
photo

ЛЕБ

Палетата на производи за производство на леб е навистина широка. Почнувајки од додатоците за секојдневниот бел леб , за лебови со висока хидратација, ‘ржани, интегрални, функционални, па се до лебови без брашно. Секој од нив се одликува со карактеристичен мирис, вкус, крцкава кора и секако дел од традицијата на поднебјето од каде изворно потекнува како тип: домашен, медитерански, италијански, багет итн., сите наменети да ги задоволат различните вкусови и побарувања на купувачите.

photo
photo

ПЕЧИВА

Како продукти кои најчесто се првиот оброк во денот на поголемиот дел од луѓето а со тоа и подложни на најчеста критика, посветуваме особено внимание на подобрувачите, смесите и премиксите за изработка на квалитетни бели, интегрални, ‘ржани и специјални типови на печива со исклучително висок квалитет. Секојдневно сме посветени во изнаоѓање на нови решенија и комбинации. Разновидни печива со изразена мекост и сочност, кајзерица, корншпиц сендвич, лиснати и полулиснати печива, путер кроасан..... се само мал дел од понудата на печива кои можат да се изработат и прилагодат на производство во Вашата пекара.

photo
photo

ПОДОБРУВАЧИ

Поради константните варијации на квалитетот на брашната на нашите простори, подобрувачите се еден од најважните сегменти за краен квалитетен производ и тоа придонесува да посветиме огромно внимание на ова поле. Различните типови на производи и варијациите во процесот на производство побаруваат различни видови на подобрувачи. Така, имаме подобрувачи за директно производство, за долга ферментација, за производство на замрзнати производи, полу печени производи, производи со висока содржина на вода, различен тип на кора на производите, како и за специјални типови на лебови и многу други.

photo
photo

СЛАТКИ ЗАДОВОЛСТВА

Брзиот и едноставниот начин на изработка на десертите, разновидните торти и колачи, но и пекарските слатки е она што најмногу ги воодушевува нашите коминтенти. Со нашите производи секоја слаткарница, ресторант, хотел, кафетерија, пекара може многу едноставно, со малку состојки и за многу кратко време да приготви врвни специјалитети. Квалитетот на суровините дозволува огромен број на варијации при изработка на производите, па така едноставно само Вашата имагинација го ограничува она што можете да го добиете.

photo
photo

ОВОШНИ ПОЛНИЛА И ФИЛОВИ

Во производствените процеси неизоставен дел се и овошните полнења и термостабилниот крем Чоконут. Изработени од висококвалитетни состојки и спремни за употреба, Чоконут и нашите овошни полнења од вишна, јаболко, јагода, шумско овошје, малина и многу други се вистински избор. Тоа е не само поради нивниот прекрасен природен вкус, туку и поради елементот на термостабилност што Ви дозволува неограничена примена и филување пред и после печење на пекарските производи, торти и колачи, а исто така и нивно замрзнување. Од друга страна, тука се и филовите во прашкаста форма кои се одликуваат со брза и едноставна подготовка, одличен вкус и термстабилност.

photo
photo

СЛАДОЛЕД

Бази, ароми, стабилизатори, бои, разновидни додатоци, ќе го направат Вашиот производ неодоливо ледено задоволство во кое ќе уживаат купувачите.

photo

КОНТАКТ

ЕСАРОМ-МАК

Орце Николов 143-1/1 1000 Скопје Република Северна Македонија

esarom2@t.mk

esarom@t.mk

тел 1: 02 32 32 192

Тел 2: 02 32 32 191

Факс: 02 3 113 986

Loading
Your message has been sent. Thank you!